некој (зам.) - мудар (имн.)

Нивните движења фрлале зад нив црн синџир ѓаволски сенки што се во непрекинат напор да се исправат и да се испреплеткаат до уништување по кое на земјата ќе останат само црни и безначајни парчиња кожа на една дива и неповторлива ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на таа мудрост додаваше: “Твојот живот е толку бесмислен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од самиот оган како да извирала некоја мудрост на облагородување и тие како да не биле оние луѓе со раздразнето клештење на човекојадци чии корења полека гниеле и во страшните прекуморски митови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу утрото и ноќта ми кажуваше по некоја мудрост од еврејските свети книги, која можеби и самата ја измислуваше, дека жената без пород не е човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)