некој (зам.) - момче (имн.)

Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се осмелувате да кажете, „можеби ќе посакате“ кога сте родени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги ставива на таван за да ги најде некое момче. 26 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Jacques Derrida okno.mk | Margina #11-12 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Опа-хоп! Опа-хоп! - извика младо, уште голобрадо момче од Разлог.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некое момче од четата на Јане Сандански, носи шарена писана гајда.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш момчето се сврте. Ме препозна и ми побара автограм и ми додаде хартиена кеса од English Clothes Boutique Countdown да се потпишам на неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога свртевме на Гринвич Авенијата, каде неколку жигола стоеја потпрени на ѕидот, ја видовме оваа плавуша како ја фрла главата наназад и вели, доволно гласно за овие педери на глуварење да ја чујат: „Ох, погледни ги само тие Green Witches!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред нас одеше некое момче од дваесетина години, а покрај него одеше висока, сензационална, плава dragqueen, со многу високи потпетици и фустан со една намерно спуштена пертла од рамото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едната веднаш ја зграпчи некое момче и клисна смеејќи се со засип­нат лаеж, а другата таа не успеа да ја пронајде.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Кога тоа девојче завршило учителска школа и станало учителка се засакале со некое момче, со кого се познавале од подамна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За волја на вистината набрзина фрла око на некое момче од карванот, и прави дил да го трампи платното за детево.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Проблемот го решил Орце. Тој побарал од Мерџанов во Цариград да му испрати некое момче кое го знае турскиот или грчкиот јазик, но не и нашиот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кристина ја фатиле како се бакнува со некое момче во интернатот; ја повикале мајка ѝ и – против волјата на ќерка ѝ и спротивно на укажувањата од директорката – таа огорчено ја отпишува ќерка си од училиштето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Мошне арно, кума лисо - рече царот - туку за кого ќе (ј)а сакаш, ете некое момче арно и богато?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пушти Сати и повторно седна до неа. ­- Вие таму во Франција, го сакате ли многу Дебиси? - ја праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сеќавав на неговиот поглед секогаш кога ќе се разбудев ноќе штом мојата рака, барајќи во сонот нечија рака која ќе ја придржи, во јавето удираше во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати некое момче на улицата ќе ми заличеше на него, и јас ќе тргнев по него, со веќе радосно раступотено срце, а потоа чекорот ми се пресекуваше затоа што ликот не одговараше на очекуваното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првпат некое момче да ми пишува! Го прочитав писмото и сакав да ѝ го вратам на девојката а таа не сакаше да го земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)