некој (зам.) - милина (имн.)

" Јосиф го крена погледот кон мајка ѝ која како да беше веќе расплакана од некоја милина поради молбата на ќерка си.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По целото тело му разлеа некоја милина за којашто стравуваше дека може да го напушти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нешто, некоја милина како да ѝ кацнува по телото надолу со намера да се крене некаде одоздола и да ѝ надојде во градите, па длабоко воздивнува на нос, по што нешто како да ѝ заигра длабоко под папокот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)