некој (зам.) - маѓија (имн.)

Се допре со целата тежина на онаа рачка, ја сврте со сета сила на својот лакот, а уште во следниот миг, како по некоја маѓија, целата прсотрија околу него чиниш се понесе некаде високо, гледајќи го со едно сосема ново лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Седеше на камен пред самата утока, без стап за ловење риба меѓу колената, а загледан во мешањето на водите како во некоја маѓија што го опседнала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше како некоја маѓија, од која оние двајца се растопуваа во таа млечна нестасаност на виделината, бидејќи тука всушност како да немаше никакво оддалечување. Сигурно затоа што им ги гледаше само грбовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)