некој (зам.) - куќа (имн.)

Додека се дивижиме по каналот, забележувам ове-онде по некоја куќа, всушност, пловен објект претворен во живеалиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога се започнува изградба на некоја куќа, треба да се почне од прозорите, бидејќи, како вели Хундертвасер, „прозорите се мостови меѓу надвор и внатре.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зашто катилите можат да се вратат и да изгорат некоја куќа, јали наша јали турска, па и за тоа ние да одеваме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само гледај во некоја куќа убава — домаќинска.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пред две години работел на некоја куќа во едно подалечно планинско село. Оттаму не се врати веќе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше фатен во некоја куќа при ноќна кражба заедно со болникавиот Цветан.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од некоја куќа допираше дремлив баритон; некого заплашуваше со несигурен слух.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се труди, но не успева да дојде до крај на некаква улица, кадешто би влегол во некоја куќа и би поразговарал самиот со себеси - би направил краток разговор за тежината во стомакот што доаѓа од онаа немоќ тој самиот да постави рамки во кои би ја сместил околината со сета нејзина севкупност а себеси како јасно издвоена, и никако вклоплива поединост - би се оставил на страна, , надвор, или барем на крајот од светот, а тоа да не е така заради него или заради светот, туку заради природата на рамките.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Детето со рака покажува на некоја куќа и Саздо се упатува во тој правец.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Мечев исто така фрлил две бомби пред кафеаната „Египет“. Бил урнат Германскиот клуб, како и некои куќи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаа во неделата да му дојдат сватојте со зетот за да ја земат Босилка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се задале сватојте од под селото да идат: нункото напред со уруглицата в рака, по него зетот и сите сватои, свирејќи со гајдата и врлајќи пиштоли, дошле во Божиној дворој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А, бре, вика, Петре, знаеш ли шо соних за тебе? - Шо?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некој шо одел сос них и шо потврдувал: "Аха, така беше.# И флеват у некоја куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сите спијат, Итар Петар, дими е итар он не спие, станува и го изедува зелникот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе мижиш со стегнати вилици кога ќе заѕвониш на врата од некоја куќарка, а на вратата ќе излезат едно купче мали, исти како мене, плукнати на тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во правта врз паркетот веднаш го послаа теписонот и тој, иако расходуван од некоја куќа каде веќе им беше здодеал, пасуваше, мислиш по мерка исечен и машински обрабен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одненадеж чувствувам неодолива желба да седнам овде на улицата, како homeless да се завиткам во крпи, да се залепам за ѕид од некоја куќа, да се пикнам во некоја куќичка од картон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа третата рударска група го извлекуваше дремливиот Шарлаган- кан за да ја помине ноќта во некоја куќа- бунар, со другите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш од некоја куќа- бунар крај кулата на Мортенија рикна топ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговиот глас им беше светлост во вечниот мрак, сончев изгрев. Утро и ден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Шета со погледот низ селото и гледа: си останало исто, си го задржало истиот изглед; има по некоја куќа нова или обновена, но не се раширило, си ја задржало онаа своја збиеност: од која куќа да викнеш, на другата ќе се чуе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ме поврзуваат со угодни и сериозни предмети; можеби ме прима некоја куќа по којашто копнеат, можеби парче дрво за штавење што некогаш го вкусиле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Прегласно радио кажуваше од некоја куќа што се случува помеѓу Израелците и Арапите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кој ќе го најде во Стрелеско, во некоја куќа таму в планина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги изврза младите мажи и жени, некои истепа, искла, ограби и запали по некоја куќа и преку Полчишта, тргна за Сатока.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
(„Сакаш само да ме искористиш“, му напиша Мица на Марка, а Марко ѝ одговори: „Војник на Југословенската армија не лаже!“) и неколку пати дури и се помилуваа во мракот, под сенката на некое дрво или зад аголот на некоја куќа после што на Едо како да му остана во дланката цицето на неговата Мица какво што одвај заврзано, тврдо и горешто, успеа да го здобави на голо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не ги пуштаа од око заробениците, но кога видоа како оние таму се готват да одат некаде, веројатно во некоја куќа, едниот гласниот рече: - Не, не! - рече и замавта со раката крената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците ги дотераа во дворот на некоја куќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаат во неделата да им дојдат сватовите со зетот за да ја земат Босилка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Нема ќосе од врвот на некоја куќа да му падне пред нозе, тој нема ни да се зачуди а камоли да се исплаши“, велеше Чорола за него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)