некој (зам.) - име (имн.)

Така и викна, изговори некое име изгледа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да речеме, не можеш да се сетиш на некое име и ти правиш еден одреден сконцентриран напор да се сетиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Навидум, разговорот беше најобичен, секој од нас се сеќаваше на по некое име или детаљ од некогашниот студентски живот, иако некако разгалено (можеби затоа што сеќавањата беа индиректни, без заемно учество).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тогаш?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Офицерот ги изговараше зборовите со една намерно барана лирска интонација, запираше наместа да го сврти вниманието на некое име или факт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Кажал некое име, некоја адреса, некоја јавка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не можеле да се потпишат на писмото бидејќи заминале на пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Мојот племјаник спомнува некои имиња. Божем наши роднини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаете, се случувало, некоја одговорна личност, во момент на збунетост, или дури и при полна свест, да спомене некое име што ги задоволува критериумите за добивање покана, а потоа ќе заборави да ги изврши и додатните обврски. Како што е на пример писмената препорака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Споменува некои имиња, ги споменува: кравата, магарето, кучето, го спомнува патот. Сака некаде да оди, да патува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)