некој (зам.) - значење (имн.)

- Ништо особено,- одговори Боге, не придавајќи му некое значење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби изгледа педантно, но јас сакам да почнам да зборувам за тоа што може да биде корисно во гледањето на терапијата како разговор преку разгледување на терминот „разговор“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што подразбирате под „разговор“? Речникот сугерира некои значења.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Белата останува да има некое значење на кое никако не можам да се сетам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас бев готов на ова друштво да му придадам некое значење но тоа не е ништо повеќе одошто ловечко друштво на седенка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А должноста на критичкиот интелектуалец - ако во денешниот „постмодерен“ универзум таа синтагма сè уште има некое значење - е токму во тоа, дури и кога ќе се стабилизира новиот поредок („новата хармонија“) и кога повторно ќе ја направи невидлива празнината како таква, постојано да го зазема местото на таа празнина, т.е. да ја задржи дистанцата спрема кој било означител-господар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)