некој (зам.) - збор (имн.)

Карабуклијата е комшија на солунката, па и некаков вујко и паѓал, та белким и тој ќе изарчи некој збор на Петкова страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селанките ѝ завидуваа на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не гледа тој смело и безобразно, не би си позволил да се накашла ниту би потфрлил некој збор со кого било, макар со Боцета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој, иако му се паѓаше некаква улога на предводник и закрилник, не чекаше долго да му ја предаде иницијативата на Ордета, и да се пушти да биде воден од своето крштениче, на кое и без тоа му домачне да го гледа како се тутка и како одвај прозборува по некој збор, со загубен глас, на оние две-три места каде што прашаа за стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пискулиев, кога зборува со него, и на несакана си го поснижува гласот, го прави уште посладок, ги избира зборовите како невеста, божем се плаши да не со некој збор или со непредвиден извив на гласот - да го возбуди * Еј, арамии бреј, иде агата! стариот, па да блесне тој како остра сабја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Трговецот од „Капали чарши“ знае по некој збор од речиси сите јазици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Приредувачите на студиското издание на Фројдовите дела на ова место укажуваат на Квинтилијан, римски реторичар кој во своето дело De institutione oratoria (1,6) прашува: „Смееме ли да се согласиме со тоа дека некои зборови настанале од своите спротивности, како што е на пример, “lucus” , шума, бидејќи таа е затемнета со сенки, слабо осветлена (luceat)?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уште по некој збор разменувавме додека мене не почна да ми станува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Талка низ камењарот, бара нешто низ маховината, низ јагликите, во трагите од дивечот, влегува во пештерите, ги ослушкува знаците по ѕидиштата, го одгатнува стенкањето на коските в земи, и дури татне луњата пали огнови, запишува нешто по ридовите, зашто секоја негова стапка е некоја тајна и некој збор.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Најпрвин, не за долго, ги поздравуваше луѓето и прозборуваше со нив по некој збор за татковината или за земјите што само тој ги познаваше, сеедно каде, на Полуостровот или зад неизмерливите мориња, потоа се закопча некако однатре, стиснатите усни со повлечени краеви надолу можеа да му се отнат само со магија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Залегнував во овој мал, затворен свет на летна жега и сина вода, со неколку животни и двајца мажи што на дистанца си подаваат по некој збор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Седнавме и му напишавме. На англиски, со помош на речник, а одвреме-навреме ја прашувавме и Роза за по некој збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нашите сетики има нешто останато, некои зборови, некои пораки, некои случки, сѐ е тоа наталожено во вашето памтење и кога тогаш може да ви послужи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа нејзините се вратија од некаде и мајка ѝ влезе во собата: - Мила, - рече - привршувајте со играта, треба да вежбаш клавир.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Туку ќе ми избега некој збор од песната, ќе го речам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И едно долго време некои зборови ги имав подзаборавено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ох , - реков сочувствувајќи, - ох, добро вујне, - сакав уште некој збор да речам, но таа уште посилно заплака и јас конечно морав, морав да појдам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледа, Данте цапнал со лева нога во денот кога ѝ префрлил на Пиза дека е срам за родот човечки.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А и вековите си го прават своето – некои зборови се кажуваат и за да се заборават.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Под нас, долу некои војници се тепаат за некоја цигара, или за некој збор. Не може да се чуе - зошто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали ќе може да ме види, уште некој збор да ми проговори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)