некој (зам.) - животно (имн.)

Парчето хартија со кое е залепен прозорецот во ќошето каде што е потскршен, се надува на ветерчето и спласнува и се чини тоа е некое животинче што дише, што збивта тешко слично на лилјак или буф.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако толку понижиме некое животно што тоа за нас да стане вештачки создаден производ, некаков вид биохемиски комплекс - а неговото месо и органи, само мек, или жилав, или тврд материјал во нашите усти, со одреден вкус а можеби и мирис - тогаш, во таа смисла позитивистички да се опише животно, значи паѓање под секое ниво, понижување на самото битие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Држеше нешто во рацете. - Што надје? – прашаа децата. - Влакна. Долги црни влакна. Како од некое животно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Хм, куче... - рече таа, кривејќи ја надолу устата, а веднаш потоа се врати на темата, - некои животни се за јадење, а некои се за галење, - рече, ја погледна Маци и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Порано и ме бакнуваше - но вака, кога ми се спиеше, можеби мислеше дека ми прави услуга со тоа што е ефикасен за побрзо да можам повторно да заспијам, иако по неговото дишење препознавав дека тој секогаш заспиваше пред мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некоја животинка го гледаше в очи кој знае како заскитана меѓу неговите зборови.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Никогаш на овие предели на Балканот човекот не беше се зближил, не беше сраснал толку со некое животно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тргнал да ме бара па се вратил и си помислил: „Можеби нешто ја изело, некое животно и додека го барам ова дете, ќе го изгубам и ова другото“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми пријде како некое животно, се боревме, мислев дека ќе го победам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој направи една лоша гримаса на лицето и ми се закани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И ми раскажа една случка како некој си татко имал син што бил многу страшлија: од сè се плашел; кога бил малечок, се плашел од животни; штом видел некое животно: крава, камила, куче, коњ - плачел и се тресел од страв.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)