некој (зам.) - грутка (имн.)

Ама само што удривме по неколку мотики, само што скршивме по некоја грутка и од небото почнаа да паѓаат пилиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но откако го заковаа капакот а пред да го спуштат мртовечкиот сандак во гробната дупка, Гого не издржа, некоја грутка му се откорна од утробата до грлото, со тупаница удри по капакот на ковчегот како да побара да му отворат, проговори во молкот: „Е бре, Нако, јунаку!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)