некој (зам.) - грмушка (имн.)

Пред да го удриш белото топче уште еднаш си го стегаш со ременот сопственот јас за да не летне сосе топчето зад некоја грмушка, во празнината на времето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пред рововите, на голината, онде- овде имаше по некоја грмушка или горница и многу тенки патеки што се преплетуваа по ридот како некоја пајажина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Без причина појдов по нив. Шумолењето на потокот се притаи зад мојот грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подавал рака како да сака да се фати за нешто што ќе го повлече кон некој ѕид со пушкарници на негови пријатели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него се слушало од некоја грмушка офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ја фрли зад некоја грмушка, зад некој камен и со лазење ќе појде за да ја земе, да ја украде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)