некој (зам.) - грешка (имн.)

Најпосле помисли да не има некоја грешка во неговиот шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој постојано се плаши дека ќе направи некоја грешка пред шефот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овие новинариве сигурно направиле некоја грешка, како по обичај ... Прво, нејзините иницијали се Ј.М, а не И.К, како што пишува овде ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако направиш некоја грешка, опрости си себеси, но гледај тоа простување да не биде често, зашто не ќе има важност...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Ова мора да е некоја грешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, ова не е праведно. Некоја грешка е сторена, голема, гревовна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)