некој (зам.) - глас (имн.)

Потоа дојде една непријатност и тој ја зема штичката обвиткана со памук, ја бутна под повредениот прст, сето тоа го врза со завој, размислувајќи дека овој прст поради скок преку некаква дупка или поради некој нездогледан корен, поради охолост или лекомисленост - накратко, дека, се чини, е скршен во длабока врска со текот на овој живот и со судбината, а тој сега мора да се грижи за него како за некој што е далеку или избегал, па наслушна во длабочината, каде што како во некаков момент на болка се слушна уште некој глас. Маргина 36 57
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја лигави така Ники и испушта некои гласови, ко да рика елен, ко да лае лисица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иде некој глас по тебе и само вика, те прозива. Ајде, Небеска, ајде! Каде? Ајде!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од длабочината на просторијата се крева некој глас Кој вреска?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои гласови идеа и до нас, но за сите нас најзначајно беше што татко ми купи коза, а мајка ми беше среќна со сите нас децата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мисајле само кркори: испушта некои гласови, како да ждрига од жиговина и замалува човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колкупати само, ноќе, о боже, колкупати и мене ми се јавуваше некој глас за тоа пусто јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И озгора почнаа некои гласови да идат небаре луѓе да се караат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)