некој (зам.) - вреќа (имн.)

Го бараме татко, чичко. Зар мислите дека е под некоја вреќа? се шегува човекот, ама лицето не му се насмејува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така рекоа некои луѓе, го виделе крај некоја вреќа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)