некој (зам.) - војник (имн.)

Го дупна коњот, излезе пред војската, оставајќи еден од муљаземите одзади да не се врати некој војник да направи некој маскарлак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Право рече овој прост селанец. Еве, четири пет месеци преседов во ова ѓаурско село, едно влакно од косата не загина ни на еден војник, а камо ли мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од далечина се зададоа некои војници, седнаа до една ограда, па се навалија над радиото да слушаат. Слушаа многу заинтересирано.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои војници вадат трње од прстите на нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ги барам воловите, ми вели Стојна, ми ги забраа некои војници и си заминаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од некој наш човек, или од некое војниче кај што бувтат топовите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Некои војници, вели Николе Валавичарот, некои војници бугарски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не го гледам, ама знам дека е рака или нога од некој војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Копам така, наведната, а од зад меѓата слушам некој ми зборува. Ја кревам главата и гледам некој војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Под нас, долу некои војници се тепаат за некоја цигара, или за некој збор. Не може да се чуе - зошто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак некои војници идеа, ама арапите не дојдоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На по некој војник уште му колка душата, не се предава срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои војници се капат оголголи, а некои во долги гаќи и водата им ги надува гаќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои војници викаат: овде е подлабоко, овде фаќа до гуша. Дојдете ваму, викаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш бев заедно со Витомир. Капетан Мирковиќ секогаш ми даваше по некој војник за испомош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)