некој (зам.) - волк (имн.)

Ако некој волк слезеше во селото и направеше штета, викаа по Толе дека тој го довлечкал.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде, касвите пак да излегуваме. Нема зошто да се плашиме — Анѓеле е прав, здрав како некој волк! Така ли е, Анѓеле?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дали е тоа крвта на некој ранет волк или, пак, некој волк го влечел угоре искасапеното тело на кучето?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)