некој (зам.) - весник (имн.)

А стариот Курназ, кој продаваше купечки цигари а и качак под тезгата, како и по некој весник, ама владин а никако опозиционен, ја држеше трафиката благодарение на ногата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои весници, како „Le Temps“ и „Die Zeit“, пренеле вест според која Македонската револуционерна организација планирала да нападне разни европски претпријатија во некои поголеми македонски градови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)