некој (зам.) - бран (имн.)

Кејтеновиот син стоеше сам, далечен, како некој бран, токму така како некој откинат бран, некој бран пустиник, како некој слободен и непокорлив бран стоеше сред домската пустош.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
П.В.: А близнак во тревките чај, или во етеричните испарувања на тревките, или близнак на некој бран среде океан што токму издишува, или само некаква капка што ќе се слизне, и крај, израмнети енергии, ентропија, смрт...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Надвор беше задувал ветер, но јас го дофаќав шумот само повремено, по некој бран.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)