некој (зам.) - тоа (зам.)

И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Содржината се покажа како чудо во кое тој не би поверувал ако некој тоа му го кажуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои се успиваат, не по своја вина. Некои тоа го прават намерно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кај некои тоа разбудуваше и некаков стравопочит, но Змејко не можеше да биде уловен на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)