некој (зам.) - таков (зам.)

Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еве вчера, некој таков неранимајко, влегол во дуќанот на самарџијата Аџи-Трифун и го претепал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некоја таква, што ќе му ги отвори тајните чекмеџиња на душата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во некое такво злодоба и се зачнало колибарењето, во некое такво време и е ставен темелот на Бојановата колиба, за повеќе векови единствено човечко свратилиште, единствено топло огниште на десетина километри наоколу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од друга страна, ако изнајмевме некое такво поткровје, можевме да продолжиме со снимањето филмови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сѐ некои такви недотамности сум кажувала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму преку усвојување на хиперболичната преизведба во Милдред Пирс на сцената на отфрлањето од мајката и нејзината уште потеатрална верзија во Најмила мамичке, машката геј-култура може, со такво толкување, да го препостави на преувеличен, разигран и исцелителен начин ужасот од мајчиното поништување на дозволата да игра што мајката порано му ја дала на своето настрано дете, дозволата што му допуштила и да постои како субјект. ‌А некоја таква општествено-симболична динамика можеби дејствува во машката геј-реакција кон Милдред Пирс или кон Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Категоријата „идентитет“ нуди веродостојна основа за принципиелна поткрепа за еднаков третман на поединците што ѝ припаѓаат на некоја таква група така што ќе се претставуваат како општа класа на лица – група иста како и сите други – и така што ќе им се обезважнат заедничките, дречливи разлики, сите оние забегани и тревожни дребулии што, всушност, барем делумно ја дефинираат, разграничуваат и составуваат групата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таму го добило заштитничкиот призвук на аксиоматско противење на „есенцијализмот“ – односно против тврдоглавото, но, на крајот на краиштата, неодржливо верување дека општествените идентитети се втемелени врз некое внатрешно својство или врз некоја таква природа или особина што им е заедничка на сите припадници на одредена група што се заснова врз идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ некои такви загатки: соблазнителни и недоизречени до крај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно беше она што го бев слушнал за неа: разлеваше околу себе некоја таква состојка (да ја наречеме илузија) што ве опијанува па вие верувате дека ви е на повидок облак создаден во миризлива градина, од нејзините цвеќиња.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По него изврзаа и другите бегови по некое такво девојче или невеста и им ги предадоа на своите слуги заедно со врзаните млади момчиња да ги отераат по нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не, сериозно, без претерување, Зошто да не си најдеш некоја таква?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И зошто на човек да не му бидеш благодарен ако ти направи некое такво добро.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)