некој (зам.) - кој (зам.)

Овие луѓе не се некои кои било. На нив тоа им е функција.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако сум полн добрини одвнатре, можат да бидат украдени од некој кој не поседува добрини како мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Очекуваа некој кој има најмалку 50 години - веројатно поради страотната анахроност на делата кои беа изведени во манирот на раниот и среден барок.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа едно, а друго сите кои чуле оти Лазор му се фалел на Хаџи Ташку дека и нему ќе му биде испеана песната, како што тој му ја испеа на стрика Анѓела, а и некои кои нѐ пизмат нас, можат да го отепаат на наш синор, или таков, отепан, да го фрлат кај нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Експерт 1.многу вешт; некој кој има голема извежбаност и знаење од некоја специјална област. 2. на или од некој експерт; како, експерт(ско) гледиште.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(...) Зборував за мистификацијата врз која се засновани литературата, академијата, културниот мит; но тие не се единствените што лежат тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доколку од тоа се изроди некој кој не дува во истиот рог, стварен бунтовник, настапува паника во целиот театар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу режисери, за разлика од Флоренс, го третираат актерот како коавтор на претставата, дури некои кои имаат силна и интензивна врска со режисерот, се претвораат во центар на неговата естетика (на пример, Чеслак во „Беден театар“ на Гротовски).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некои завршуваа работа од прва, додуша ретко, а имаше некои кои веќе ги имам видено два-трипати до сега, и си викаме „здраво“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И веднаш заборавив како се спрема ајвар и слатко, а сторив трансфер од некој кој посветено се крсти во Креаторот во верник, ама во животот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Претставата ја слушаше и некој кој во секој момент можеше да притрча и да ми се најде, ама уживаше исто како и јас, дури и повеќе, а буричкаше во карпите како мало дете што собира каменчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некој кој ќе ми ја подари розата од видот канцона, ќе ми ја даде емоцијата на операта од Моцарт.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа, ќе најдам некој кој ќе ми го држи ритамот на животот, на тангото на мојата судбина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Самоубиство од некој кој насмеано го живееше факултетскиот систем?!“ - се запрашав бојазливо и потоа сфатив дека самоубиството не успевав сликовито да го поврзам со систем: отскокнуваа алки и кукачки кои ме поткачуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа за некој кој што пред триесет години како дваесет годишно момче дошол да бара правда пред парламентот на една малечка држава со која што векови владееле олигархии од различни бои и сорти, беше бетер и од самата умиричка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Друг ќе ја пишува твојата автобиографија. Некој кој ќе симулира дека си ти.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Да не рече Маркс? - сомнително праша некој кој седеше со грбот кон распалениот оган, а на многу им се пристори дека е оној истиот, кој го кажа зборот што сите се трудеа да го најдат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Има ли некој кој од куршум не се плаши?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зошто не се цените малку повеќе? Зошто само некој кој ве навредува успева да предизвика вистинска почит кај вас?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И со некој кој одвреме-навреме ќе зготви ручек и испере гаќи. МАТЕЈ: Не мораш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу знаат тие кога ми е време, а кога не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)