некој (зам.) - доаѓа (гл.)

- Некој доаѓа! Некој доаѓа! - струеше шепот по нивните студени, издолжени тела.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе прекинам некој доаѓа. Поштар, не оној што го знам туку нов и непознат, поинаков од вчерашниот, со пајажина на модроцврени капилари пред очите со набабрен десен колк со мирис на кожено палто штотуку симнато од рамениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А шините сѐ позабрзано и повозбудено шепотеа: - Некој доаѓа! Некој доаѓа!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Седеа разговарајќи со часови на правливиот под со расфрлена слама, станувајќи одвреме навреме час едниот час другиот, за да фрлат поглед низ пушкарниците и да се уверат дали некој доаѓа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Видов неколку гроба. Кај некои од нив, се гледаше, некој доаѓал, секако од оние иселени во Б.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)