некому (зам.) - му (зам.)

Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На пример, некому му е потребен имплицитен договор за играње на „Среќно Семејство“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некој некому му ја вратил водата, некој чужда бразда скинал. Ечеше Маказар од кавги.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некому му исекоа премрзнат палец, другему стапало, треќему сите пет прста на ногата, а на уметникот половина стапало. Потоа ги фрлија в затвор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не беше до инструкторот туку до тоа колку некому му дал Господ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дали потта некому му мириса или нозете му смрдат?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам: некому му гасне свеќата, а една сестра се мачи да му ја запре крвта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Оваа планета некому му смета?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И весталките се чини таму беа и некому му ракоплескаа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)