неколку (зам.) - година (имн.)

И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По неколку години лежење и зјапање во височина, туѓ меѓу свои, одамна веќе без родители и пријатели човекот најпосле станал и тетеравејќи се на ослабнатите нозе викнал -Сега знам како се лета!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Српските посланици вистина седат во Петроград по неколку години со ред, но по 4-5 години се менуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Македонците ги успокојуваа Бугарите: Чекајте вие, нека ни дадат нам автономија, па ќе видите оти по неколку години таа Македонија ќе биде бугарска, зашто повеќето од македонската интелигенција го доби своето образование во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неколку години е соработник на „Нова Македонија“, а потоа уредник на литературната ревија „Хоризонт“ и во книгоиздателството „Кочо Рацин“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А знаат ли Бугарите оти во тоа време кога тие го имаат во Петроград еден Станчев, Србите го имаат таму еден Пашиќ, 78 или еден Груиќ79 или еден Новаковиќ? 80 Овие дипломати последователно се или во Петроград или во Стамбул; и на едното и на другото место тие остануваат по неколку години со ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)