некаков (зам.) - чудесен (прид.)

Ниеднаш не ја изгуби онаа мирна празнина, онаа што понекогаш му беше и некаква чудесна леснина во сето негово тело, но за која тој знаеше дека е од исцрпеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама јас се редам претпоследен - изговорив колку што можам погласно, а во очите сетив жештина и влага.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Полека тонев во некаква чудесна дремка...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога би се редел прв - размислував - кога би се редел прв...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)