некаков (зам.) - таинствен (прид.)

Грлото го запече, сѐ повеќе го обзема загриженоста и некаков таинствен страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборовите: општество и пролетерска револуција тешко ги разбираше, ама се чини дека токмy во тоа неразбирање и несфаќање се криеше некаква таинствена моќ од која извираше убедувањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ту ни се чинеше дека сме на пат точно да го определиме, ту го губевме сфаќајќи Margina #26-28 [1995] | okno.mk 145 дека сме тргнале во погрешна насока: ја губевме ориентацијата, застанувавме, се враќавме, а звукот притоа стануваше сѐ послаб, поодалечен, поизмамувачки, за да се загуби конечно како нејасен шум во маглата. *** Се обидувавме многупати потоа, мојата роднина Емилија и јас, да ја најдеме необичната куќа која, чувствувавме имаше некаква таинствена врска со звукот на бродот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Убаво ѝ прилегаше. Ѝ даваше некаков таинствен изглед, особен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некаква таинствена сила ги влече кон водените далечини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Целата лева страна ми беше прекриена со ситни израстоци, како дијаболи всадени под кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас се разболев од некаква таинствена болест.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На докторите им беше непријатно да ме прегледаат бидејќи не можеа ништо да сторат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одавав необичен мирис и често неконтролирано мокрев.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)