некаков (зам.) - природен (прид.)

Неговата мисла асоцираше на камиевската филозофија на приклештеноста на човекот меѓу егзилот и кралството, природата и историјата, зборот и чувството, видливото и невидливото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа бахатост врз неговата личност делуваше упадливо автентично, дури толку му личеше што се чинеше како да му е некаква природна дарба, талент со помош на кој со леснотија остварува супериорност над својата околина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се обидов да го доближам разговорот до темата која сакав по некаков природен тек да ја наложам: - Летово кога ги читав и преведував песните за вашата Мајка, препознавав многу обележја на мојата Мајка, на една заедничка Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На средина на масата празното шише, до голо дно испиено, исправено како стожер, точно на центарот, околу кој се вртеа сенки на стаклени чаши, како ливчиња од лотосов цвет, создаваа форма на некаква природна складна, физички логична појава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)