некаков (зам.) - нејасен (прид.)

Тогаш, како што поворката поминуваше низ Балабан-баба маалото, се слушна некаква нејасна викотница што се приближуваше од страната на Јенитепе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сепак еднаш, само еднаш, мислев до неодамна, ја сретнав во една долга декемвриска ноќ, нема и глува за мене, без сјај во очите ако не ибез очи под некаков нејасен превез пред кој и студениот ветар се смируваше за она што било.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се чувствуваше најдобро, иако ништо не го болеше, но смееше ли да мисли на себе и на некаква нејасна слабост кога толку многу работи му претстојат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Само златото може да не потемни со векови“ - си помисли Бојан, па држејќи го предметот в рака, се исправи, ја крена главата, напнат да извика, но в миг некаква нејасна мисла, некаква непозната желба го запре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше тоа еден тежок живот. Оној обично молчеше, а се чинеше како да го прави тоа со некаква нејасна желба да се казни себе си.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но не, јас сѐ уште ја сакав Луција; во мене имаше повреденост, гнев, некаква нејасна лутина што ми пречеше веќе да го гледам светот онаков каков што тој нависитна е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)