некаков (зам.) - невидлив (прид.)

Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Околу нас цврчат некакви невидливи бубачиња и здодевно ни стружат во ушите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во неа има некаков невидлив живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бабата Перса се радуваше со неа како со вистинска, нејзина внука, додека пак на Пелагија радоста постојано беше заматена од некаква невидлива и далечна закана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие и на училните стебла гледаат со сомневање.“ Старчето отплетка со прст некаква невидлива пајажина од пред себе и болничарите излегоа со пламена навреденост околу усните.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)