некаков (зам.) - внатрешен (прид.)

Но, понесен од некаква внатрешна милина, која требаше да им ја пренесе што побрзо на Мајка, и на децата, тргна кон реката, со забрзани чекори, се најде пред Дрвениот мост, сврте лево и веќе беше близу до куќата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не само секој вистински прекршок, туку и секоја ексцентричност, колку и да е мала, секоја промена на навиките, секоја нервозна особеност која би можела да биде симптом на некаква внатрешна борба, непогрешливо се открива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгревот на сонцето го дочекав, со некаков внатрешен набој, ни самата не знаејќи од каква причина, го носев длабоко во себе, иако знаев дека тоа не ми е својствено.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Телото стана лесно, главата претешка, некаква внатрешна арматура попушти под тежината на ножот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште при првите чекори во Македонија забележа некаков внатрешен ориентален отпор, кон забрзаното европско време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И јас, од мојот агол на амбицијата, како да следев некаков внатрешен ритам на величина, на лажна моќ, во која е вклучен ризикот, без доволно да се помисли на него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По­крај рационалната одлука, донесена во последниот миг, по укажувањето на Гури Порадеци дека се работи за живот или за смрт, ако не се избега преку граница, кај Татко тоа будеше некаков внатрешен порив, да ѝ се предаде на фуга­та на егзилот, во потрага по нови простори, по нови времиња, по првото бегство во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога бев кон крајот на книгата, повеќе од некакво внатрешно задоволство, ѝ телефонирав на Мајка. Никој не ми одговараше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)