некаков (зам.) - висок (прид.)

Пред нив се нишаа на ветерот некакви високи, розови цветчиња, со цврсти долги дршки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некогаш ги зафаќаше и навреме полковниците, ги заплуснуваше ненадеен дожд; за миг стасуваа далечните облаци кои потпомогнати од некакви високи ветришта што талкаа по небесните височини; ги опсипуваше во трчаница, кусо, но обилно, така што ни дрвјата под кои се засолнуваа, не можеа да ги заштитат; искиснати, им идеше студенило по снагата, морници, и со брзаница слегуваа низ падините кон селото, влечејќи ги коњите за уздите од чии тела избиваше пареа како да поминале низ врела вода.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)