некаков (зам.) - чувство (имн.)

Беше тоа, од една страна, поврзано со некакво чувство на прогонство, а, од друга, со грозната тортура на национален натпревар во францускиот школски систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие години на наукување и Ecole normale беа години на искушение (разочарување, очај, паѓање на конкурсите - ништо не ми беше дадено туку-така).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друг пат тоа беше некакво чувство на задоволство, кое за жал се мереше во мигови, па не можеше да се смета како релевантно за некаква долгорочна, еднаш засекогаш запечатена среќа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Барем однадвор ќе имав некакви чувства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Хаику е јапонска поема што се состои од 17 слогови - или минипоема ако сакате - и кога човек ќе ја прочита или слушне обично тоа во него евоцира некакви чувства како на пример кога помирисал роза, или видел некаква птица на небото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мала беше надежта, дека внучето ќе роди некакво чувство кај нив. За него. За неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Недостигот на културата на индивидуалноста, патријархалниот монопол врз зборовите на племето, создаваа притеснетост да се пишува само за да се пренесуваат некакви чувства.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не беше во прашање поплава од некакви чувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крвта во жилите течеше, тоа веќе беше некакво чувство, најпосле нешто работевме што потсеќаше на животот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нему му прелетаа низ свеста забележувањата во врска со торбата и некако млако го согледа заклучокот дека сопругата како да излезе со некакво чувство на вина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Станав и целиот обземен од некакво чувство, на восхит и возбуда, му удрив клоца на Васета, а потоа му стиснав рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние, со голема тага во душите, со некакво чувство на вина од која никогаш не можевме да се ослободиме, ја молевме, но никогаш не успеавме да ја домолиме, да дојде со нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни носеше некакво чувство на сигурност, на среќа. Така веруваше Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)