некаков (зам.) - смисла (имн.)

Немав намера да го објавам, но одреден број на луѓе рекоа дека пронашле егзегеза на Дерида во еден корисен напис, па затоа се решив со надеж дека има некаква смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За целокупната расправа погледнете (12). 8 Овој напис беше читан на конференцијата на Австралиското здружение за философија во Мелбурн, 1991.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најчесто тие не се во право.1 Прифаќам дека ова е вистинито за политичките, религиозните, научните и философските револуции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука, меѓутоа, треба да се бори, ако дури и тоа уште има некаква смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, на крајот, и обајцата беа убедени, покрај постојните резерви, дека мора да одат напред, во својата потрага, барем да се пресметаат со стотина зборови, избирајќи ја гротеската, хуморот како најмоќно средство за нивниот наум, верувајќи дека само така ќе има некаква смисла нивниот проект и ќе остават некаква трага за идните времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дефиницијата од речникот, сепак, сугерира нешто за ВР.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Има некаква смисла во тоа дека било која симулација прави нештата кои што всушност не се да изгледаат реални.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Секој човек благодарејќи на тоа што трага по некаква смисла за “реалност” постојано лута помеѓу разјапената челуст на неизвесноста и стегнатиот чмар на извесноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Работи кои е подобро да не ги знаеш што навистина мислат другите за тебе; како се произведува (детска) паштета; како изгледа твојот стомак, од внатре; што сè го возбудува твојот партнер; каков е, како човек, твојот омилен писател; кој се крие зад никот на оној што ти остава злобни коментари; дали ако уплатеше ќе се паднеа баш тие бројки; што ти мислам..; кој е убиецот, на почетокот од филмот; колку ќе ти доцни хонорарот; што се случува зад сцената во театар; како котираш во еволутивни рамки; на што сè се подготвени некои твои блиски луѓе; кога и од што ќе умреш; што би било кога би било. дали сево ова има некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа барем имаше некаква смисла и ми даваше одреден идентитет и личност. (Што ве наведе да го промените мислењето?) Кога се уверив дека ќе ми дозволите да се чувствувам како ваше дете и дека ќе се грижите за мене со љубов.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали прашањето е релевантно од која и да е причина што води до некаква смисла?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ж: Па има некаква смисла...само со еден услов: треба да се сложиме околу начинот како ќе ги поврзете речениците.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со оваа мала парабола би ја завршиле нашата студија: проза која се поигрува со анархијата, нередот и ентропијата, а сепак на крајот ги надвладува и ослободува една исклучителна енергија, постојано обновувајќи се; критика којашто неодредливоста и фрагментарноста едновремено ја фасцинираат и одбиваат, којашто гради интелектуални конструкции за во сето тоа да фати некаква смисла - сé додека нејзините најпромислени обиди сосема не ја приближат до предметот на истражувањето, да ја приближат толку што практично е невозможно да се разликуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Големата Мечка ја гледам Како слегува од длабочините на Северот По истиот пат по кој слегувала и во времето на походите на Александар Велики Барам некаква смисла во мистеријата што ни нуди непроменливост на виденијата, а груба минливост на толпите набљудувачи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Има ли тоа некаква смисла, тато?!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ на сѐ, може ли воопшто од некои од овие взаемно противречни поговорки да се исцеди некаква смисла, без оглед дали би била тривијална или не; Или пак се потполно неупотребливи, барем што се однесува на некакво согледување за тоа како мојата сопруга или јас би можеле да се чувствуваме во текот на тој продолжен период на разделеност; За да го пронајде одговорот на овие прашања британскиот психолог Карл Тајген во 1986 година приготви еден ингениозен експеримент.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)