некаков (зам.) - претчувство (имн.)

Не, сигурно ѝ се стори. Всушност тоа беше некакво претчувство...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше некакво претчувство како онаа долинка отаде да беше полна, нешто слично како кога се држи в рака полн орев, а знаеше дека тоа претчувство не му е потребно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)