некаков (зам.) - лексикон (имн.)

Ја земав тетратката. Јас и не знаев што е тоа лексикон, ама не сакав да ја запрашам, не сакав да се покажам пред Анче колку сум прост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Секако“, реков, „сакам, утре ќе ти го вратам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поначесто ни свиреше, ни даваше дури и ние да се обидеме, па малку од него научивме - си потпевнувавме и свиревме - онака детски.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Попладнето се собравме кај Ташко. Им се пофалив на другарите: „Некаков лексикон ми даде Анче од VIб. Да го разгледаме и пополниме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)