некаков (зам.) - богатство (имн.)

И веќе со првата приказна за некаква квачка со дванаесет златни пилиња закопана во дворот на црквата “Св.Софија“ побуди таков интерес кај луѓето, што тие го следеа секој негов збор, како да се надеваа дека еве, секој миг ќе откопаат и самите некакво богатство и ќе се простат со неподносливата сиромаштија...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белки ќе ни даде Господ, ако не со нешто друго, барем со него да бидеме богати, оти времето е сепак некакво богатство што не би смееле лесно да го отфрламе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знаеше дали тој станар, тој Стојан Ванков, лежи на некакво богатство и од каде е тоа богатство, како што не знаеше дали неочекуваното богатство ќе го стори посреќен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)