него (зам.) - толку (прил.)

— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ништо не е случајно што се случува на овие простори, ништо не се прави без цел и одредени очекувања и никој и ништо не е без вината на многу кои ја наместија и ја местат судбината На ова место и фрлија врз него толку несреќи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но истовремено во градите потчувствува стрежење од некој страв: неговиот „швалерски“ неуспех би му ги затворил вратите на оваа за него толку важна институција за неодредено долго време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знам зошто, ама штом го видов него толку многу бев одушевен од својата намера што, без да знам од кои причини, како од туку-така, без збор да му речам, се пресегнав, го фатив за главата со двете раце, го повлеков кон себе преку масата и го избацував среде челото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Попот Никола, на Ралин Панта маалото, со око бистро и умно, веднаш виде дека женава не го почитува него толку колку што сака да го искористи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што денес за вас значи лекарот? Општеството кон него толку лошо се однесува, му се заканува конкуренција од сите страни, веќе не поседува општествен углед, никаков углед.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Што знаеш што ѓавол се крие во него толку што запиња – си мрмна и реши претпазливо да постапува со Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
(Се разбира, сега, иако малку доцна, сепак сфатив, дека татко ти посакувал да покаже дека и тој е чедо на животот па токму поради тоа, тој проклет живот не смеел да се однесува кон него толку сурово, и везден да го казнува).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)