него (зам.) - само (прил.)

Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Митралезот е буцнат в земја со прелапнат реденик под капакот, а околу него само мртви. Касапница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој не стаса ни да помисли на нешто како на вреденост и разжаленост; тоа остана да демне во него само како уште едно далечно, тенко, но заедно со тоа и толку злокобно знаење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го качија сандакот на тракторот и ставија на него само неколку од венците.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За ова време откако беше дојден во нејзиното одделение, учителката можеше да рече за него само олку: „Кон учењето и задачите што му се поставуваат, се однесува сериозно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)