него (зам.) - ист (прид.)

Тој пак, Павле, му беше лут на Петар затоа што овој со својот затскриен презир кон сите будеше кај него ист таков презир кон себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го погледна попот калуѓерот, се прекрсти пред иконата и ја бакна, a no него истото го направија и селаните. – Каде вака сабајлево, оче дуовниче? – го праша поп Пејо калуѓерот и го погледна некако со извесна недоверба. – Од Трескавец, света Богородица, да ни е на помош – одговори калуѓерот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Живко не ги љубеше прашањата на кои веднаш не се снаоѓаше да одговори, па сега, фатен во расчекор, шашливо ме погледна: „со” или „пред”, му ја повторив дилемата и место него истиот час одговорив „пред”. - Се разбира, пред.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)