него (зам.) - кој (зам.)

Го зедоа луѓето јажето и го спуштија ковчегот во гробот, фрлија со рацете по трипати земја врз него која притропа на капакот како јадар дожд.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дома кај него кој знае што станува: мајка му од лутина в земја ќе го спотера.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И, прва трчам и се натпреварувам со него кој прв ќе стигне да ја отвори капијата, кога како кутре ќе го препознаам звукот на моторот на првите гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Излезе дека и тој како и неколкумина пред него кои што се обидувале да направат нешто од сопствената земја имал само илузии.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас немав цврсти докази дека гробот зад олтарот е на Никола Поцо, освен кажувањата на луѓе од семејството и надвор од него кои божем го задржале помнењето од колено на колено дека гробот е токму тој, потоа фактот дека на гробното место на фамилијата Поцо немаше ниту гроб, ниту знак за гроб на стариот Никола и, најпосле, мојата лична интуиција или, можеби, повеќе, желбата тоа да биде негов гроб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)