него (зам.) - каков (зам.)

Сум се заљубила во прекрасните изведби на тој човек, во нешто невистинито, а не во него каков што навистина е.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ти го знаеш него каков е кога нешто ќе намисли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Старата чекаше да слушне од него какво варилце да зготви за ручек, а можеше патем да пропере некое алиште или да ја фати метлата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)