него (зам.) - постои (гл.)

-Телото не е само биолошка машина, во него постои личност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таквата состојба ќе ги предизвикува неговиот илузии дека излезот од лавиринтот ќе го најде доколку напредува, но напредувањето всушност ќе ги предизвикува парадоксите на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Човештвото се одржува благодарение на надежта дека пред него постои блескава иднина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И навистина, старецот во своето долго живеење в планина, во својата постојана врска со природата, беше свикнат на еден неверојатно точен ритам на живеење, во него постоеше истенчено чувство за течењето на времето и затоа појавата на некаква умна временска направа само би го нарушувала тој ритам на установено живеење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)