него (зам.) - може (гл.)

Сега во прв план беше бунарот и со него можев да ја оправдувам немоќта и растргнатоста во врска со пишувањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие со него можат да водат само војна, никогаш љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Би му се фалеле на водачот дека и без него можеме да изведеме успешна акција.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој набрзина ќе ја исркаше чорбестата манџа, безвкусна и безимена, и бргу бегаше назад признавајќи си дека никогаш немал смисла за вкус и што се однесува до него можеа да му дадат јачмен место ориз или да му подметнат прлешко место јагнешко месо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но и тука место не го фаќаше, па стоеше како во туѓ бостан, зјапаше во започнатото платно и се чудеше како од него можел да наслика нешто.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Абре, ви велам, друг ербап како него мајка не ќе роди. Ниту партија ниту комитет без него може да има.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За разлика од воденицата за мелење жито, чиј камен се вртеше со необична брзина, а не мелеше брашно, по мостот можеше да се оди, иако по него можеа да одат само птици, обични и пругави верверички, кои претпазливо гледаа во тркалото со црпки и во тропањето на воденичниот камен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаеше дека тој е светец, гаталец, пророк или некое обично суштество, со него можеше да се заработат многу пари: со гатање на судбината на луѓето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако имаш искривено огледало, во него можеш да ја видиш таа сина линија, повлечена, наталожена точно врз горниот дел на видливите нешта, на нивниот хоризонт: како со широка четка, на која е нанесена сина боја, повлечена од рацете на уметникот врз платното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Освен селото, ако во него можеше да има живот, освен тие куќарки од камен и на камен, немаше наоколу ни човек ни птица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше желба на дете што се плаши од видени мртовци и сепак може, верува дека може, со здив да му ги излекува раните на животното.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше рамноправен лов и од него можеше да остане само оваа крв.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден прекрасен, ведар плисок, во него можеше да заборави на сѐ друго, освен на тие свои големи и во еден миг сосема откриени дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше тој дека од прозорецот над него можат да се заискрат оние опасни трескотници, кои не му беа непознати и пред кои тој којзнае колкупати во својот волчешки век недосежен се засолнувал во шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во него можеше да се воспостави пак тој целосен однос, што се градел низ сите поминати години спрема оние двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само еден брат имав, а него можеш и надвор да го истераш, може и в плевна да спие, машко е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дејствувајќи врз слабите страни на српскиот народ и оставајќи го во илузии, само не чепкајќи го во националните чувства - со него може да се владее како што се сака”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Низ него можеш и пеш да стасаш до Америка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За тоа време светот во него може да се преврти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На секоја автобуска, тој пристигнува тачно у секунда, така да по него можеш да си го курдисаш саатот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Гледајќи ја Анѓа нагиздена како невеста, веднаш и тропнуваше срцето и си помислуваше. – Ете, да не ми го грабнеа силниците, и него можев вечерва да си го венчам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да оди Стојан да ја бара, си помислуваа Трајко и Велика, но веднаш се сретнуваа со мислата дека и него можат да го фатат и да го пленат, та и таа болка им се чинеше не помала од онаа за Анѓа, Ангелета и Јована.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кај него можев да го пронајдам „Чајлд Харолд“ што веќе го нема по библиотеките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Според неговото објаснување Службите пројавиле посебно интересирање кој друг освен него можел да ги слушне спомнативе разговори?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господ морал потврдно да одговори на прашањево и притоа да го спомене и моето име а притоа сфатил дека е негова должност да ги спомене и разговорите што ги имавме водено ние двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми поразминало малку, па ќе си речам: ај собери се, Небеско, без него не можеш, а со него може да ти биде полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А, за пубертетот не грижи се. И без него може некој да ти биде драг и да ти ја исполнува главата со пријатни мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Многу дечиња, особено девојченцата од нејзиното одделение, ѝ завидуваа на заштитникот Мурџо, особено што со него можела да зборува како со жив човек.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„За Колумбо, велиш. Та за него можам да ти зборувам ден и ноќ, бидејќи тој е чист ѓеновјанец, значи медитеранец, поморец, моја крв.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, во овој случај, бев со човек кој имаше огромен излив на секаков вид емоции кои ни самиот тој никако не можеше да ги спастри, ниту пак некој друг за него можеше да ги контролира.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Саше ми е прв братучед, бидејќи тетка ми Ана ѝ е сестра на мајка ми, и само шест месеци е поголем од брат ми, ама со него можам да се дружам и да си играм исто како да ми е врсник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тета има обичај да каже, а, бре Алексо, син на мајка, да си ми здрав и жив, колкав си, а умот уште ти е детски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)