него (зам.) - види (гл.)

Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Брат ми ја забележа неподвижноста на мојот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се свртев кон него. Додека се бакнувавме, ја вкусувавме прашината што ни беше останала на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Синоќа во него видов ѕвезда што паѓа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Јас го добришав и последното огледало, и во него видов дека Рајнер стои зад мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја свртев главата кон ѕидот. На него видов трага од крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)