него (зам.) - бара (гл.)

На излез од хотелот тие го грабнуваат и подоцна, на сослушувањето во осамената вила од него бараат да им раскаже сè за својата шпионска дејност - Торнхил, се разбира, ништо не знае, што во натамошниот тек на филмот му донесува бројни проблеми...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како момче што е само дома, кое бара романса со идеалниот дечко, кое замислува колку добро би си поминало ако само успее да се потсреди, да се облече и да излезе... само за да сфати, кога ќе стигне на тоа место од соништата, кое навистина е населено со геј-мажи, од кои сите до еден слично како него бараат романса, дека тие вистински геј-мажи некако се погрешните геј-мажи, дека воопшто не се оние што си ги замислувало кога отпрвин мислело на излегување – така и геј-литературата што ја напишале геј-мажи, за да одговорат на потребата од отворено, експлицитно претставување на геј-мажите, на геј-животот и на машката геј-сексуалност што самите геј-мажи мислеле дека ја сакаат, честопати излегува дека е погрешната геј-литература, понезадоволителна за нејзините геј-читатели отколку негеј-културата што геј-мажите веќе си ја присвоиле и ја преозначиле за да им ги изразува копнежите и соништата144.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој и сега потропа, тоа некој од него бараше пристан, бараше колку може побргу да му ја отвори вратата, инаку што друго би барал во таа ноќ на неговата врата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите глупости што сега му паѓаа напамет без никаков посебен напор, а на кои никако не можеше да се сети кога на училиште од него бараа точно да ги репродуцира за да ја поправи оценката, за нејзината конкавна (или пак беше конвексната) слика (т.е. двојката) да ја врати од главечка во нормална положба (т.е. во петка).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од него бараше помош во изнаоѓање одговор на нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)