нас (зам.) - постои (гл.)

Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- А сепак расте заради нешто. Сѐ околу нас постои заради нешто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај нас постои и посебен закон за оваа област: Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
14.  Кај нас постои и посебен Закон за заштита на лични податоци (2005); Сл. весник на РМ – 7/05 и 103/08.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)