му (зам.) - пат (имн.)

Потоа таа го позна и, мислиш, пречекува свој домаќин што се враќа од живеење, се поттргна, без збор ослободувајќи му пат кон светлоста зад себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа ме доведе до заклучокот дека црните луѓе не се појавуваат за да се истакнат и за да се наметнат, туку нивната цел е да се слеат во она што се нарекува сивило или секојдневие така отворајќи му пат на нов, поинвентивен бран на црни луѓе кои по неодредено време пак се појавуваат како предуслов за скршнување на животот во уште полош правец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш Ѕвезда ме `ргна со лактот в слабини и накарувачки ми рече: - Стори му пат на светецот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се најдоа и некои такви, од жените, кои тврдеа, навистина не најаве туку на сон, дека го виделе сети Јован Крстетел како доаѓа по Градишки Пат во Потковицата водејќи по себе коњ и носејќи в раце нешто завиткано небаре детуле, и како се запира кај Јанчевци, и како, потоа, излегувајќи од кај нив, не Боше нивни, туку тој, свети Јован Крстител, преку срецело и низ гробиштата и преку Горник оди напред, не допирајќи ги земјата и снегот притоа, и покажувајќи му пат на Бошета и учејќи го како да гази, а да не остава траги во снегот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пустиот му пат тежок, лош, преку орман, ваму времето намрштено, како есено време, месечинка ич, а дедот и помалку слеп, одвај излезе до Трибор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си реков: „Добар му пат“, но помислив за тебе, помислив и нешто ме растажи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)