му (зам.) - ти (зам.)

Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој старец, Борис Качар, ја советуваше Јага Перуника: „Напиши му ти на претседателот на земјава да дојде и да го зграпчи за уши оној твојон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
КОТЕ: Дај му ти неколку низалки од овие на Анѓелина, наполни му една торба, инаку не се печалат пари...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)