му (зам.) - сет (зам.)

Гласот му стана речиси мечтателен. Занесот, лудачкиот ентузијазам, сѐ уште му се гледаше на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кадијата пламна и рипна од столот: – Како? Мојата заповед не се исполни? – тргна и му се приближи на Суља.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)