му (зам.) - му (зам.)

Грета: Ма го знам уште од порано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се палеше да слуша рокенрол, дедо му му кажал дека од тоа може да постане педер. А сега е ди-џеј.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога судбината го доведе под Калето, не­му му се јави стариот сон како ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка му му потури да се измие, тој го облече новото либаде12) и праша: - Ќе ми дадеш ли, мамо торбичка? - Да, синко.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му му посла, тој легна и таа го покри да спие.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му му беше сошила бели кошули за преслекување...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа имаше некое унгарско име, мајка му му правела мусака, а тоа не сакало да јаде... потоа се некој доаѓал и му јадел од чинијата и на крај за него не останало ништо.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Називот на перформансот беше: „Како на жив зајак да му се објасни перформансот на Јозеф Бојс: „Како на мртов зајак му се објаснуваат слики’“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас... - Митко сакаше да рече дека е гладен и нека татко му му купи нешто и брзо му донесе, но гласот од слушалката не му даде да доврши. - Што? - Што?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кое? Па, тоа како татко му му прираснал за срцето на тиранинот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Намуртен, татко му му кажуваше и како оние што убивале, иако се заколнале дека ќе го поништат семето на Венјамин, сепак потоа оставиле нивните девојки да се омажат за Венјаминците, да не се затре сиот израелски род.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но татко му му рече: „Од тоа не се живее. Мора да има занает...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
” Татко му му вели: ”Дедо ти ја остави баба ти кога замина по работа, но не ја заборави, се врати по некоја година...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка му му вели: „Знам, тешко ти е, синко, но мораме...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А сепак, Симон морал да знае дека брат му му ја дал онаа плата за чувар на трансформаторот. Тоа морало да го мачи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вечерта додека ја средуваа една од одаите за да се смести Илко, жена му му рече на Мил: - Досега се мачев на двајца да им правам измет, да ги хранам, а сега на тројца...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од оној ден кога татко му му рече дека мора да продолжи со учење, постојано се кршеше во себе: од една страна, не му се одеше, а од друга, не сакаше да му ја расипе желбата на татка си.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Богуле се загледуваше да го види детално секој цртеж, се вчудоневидуваше како се изработени, но мајка му му рече да излезе надвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
За да го ослободи од стравот, татко му му купил играчки со тие животни и го терал да си игра со нив; да ги фаќа, да ги клоца, фрла, да им чини сè што сака; и детето, малку по малку, се отстрашило, и кога ќе ги сретнело животните - веќе не се плашело од нив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Реши да продаде уште една нива, како што тоа го стори порано кога ја опремуваше лабораторијата, но жена му му се спротивстави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се ожени, но жена му му умре на породување.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така сега, кога мајка му му рече дека пеперутки ќе се собираат на него, се почувствува толку лесен што му се пристори дека тие можат да го кренат и да го понесат во убавините на нивните бои.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но жена му му почина оставајќи го без пород.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Брзо се обу. Мајка му му потури да се мие.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Како што ми раскажа момчето, стрико му му кажал кога, зошто и чие било востанието.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И стрико му му донел балон. О, син балон! Уште поубав од жолтиот што му пукна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Еднаш баба му му се налути на Зоки. Веќе не знам зошто беше тоа, но му рече: „Срам да ти е, Зоки, не зборувам повеќе со тебе.“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секое утро Зоки и баба му му носат храна на петелот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога беше помал, на родендените што ги славеше, мајка му му правеше торта, и тогаш Огнен леташе од радост и постојано околку тортата се вркаше: за миг ќе го излапаше парчето што мајка му ќе му го отсече, а ги собираше и парчињата што ќе преостанеа од неговите другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И најпосле еден ден мајка му му рече: - Синко, денес ќе ти направам торта...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За да му го запре плачењето, дедо му му рече: - Не плачи, чедо...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Влатко и мама Злата се погледнаа, во мигот исто помислија: - Дедо му ги испрати, а баба му му истури вода по нив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Едн час пред да дојдам, татко му му кажал за парите што ги позајмил на наводниот преварант.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Па така и е, дедо му му беше идол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)